Русија предупреди на опасноста на инцидентот во Гошинце

Москва изрази „длабока загриженост“ поради неодамнешниот инцидент во Гошинце, близу границата со Косово.Руското Министерство за надворешни работи, соопшти дека тој инцидент покажува дека постојат големи тензии и опасност за избивање на нови конфликти во овој дел од Балканот.
„Со длабока загриженост го примивме извештајот за нападот во ноќтана 21. април, кој го изведе група наоружани луѓе врз полициската караула Гошинце, во близина на косовскиот дел од границата помеѓу Македонија и Србија“, се наведува во соопштението.
Според соопштението, на ситуацијата пред сѐ влијае сериозниот недостаток на безбедност и почитувањето кон владеењето на правото на Косово, што е последица од неможноста во потполност да се реши косовското прашање.
Руското министерство, исто така повика дека им се придава сѐ поголемо внимание на повиците за создавање на „голема Албанија“ во регионот.
„Се надеваме дека македонските власти ќе воспостават ред во немирната област и дека ќе ја добијат потребната меѓународна помош“, се додава во соопштението.
Да потсетиме, 40 наоружани лица со униформи со ознаки УЧК, ја заземале полициската станица во Гошинце, гранично место во општината Липково.
Маскираните лица на заробените полицајци им ги одземале оружјето, мобилните телефони и ги прекинале радио-врските. Полицајците биле физички малтретирани.
Притоа, маскираните лица им рекле на полицајците дека „нема да им помогнат ниту Груевски, ниту Ахмети“.Руското Министерство за надворешни работи, соопшти дека тој инцидент покажува дека постојат големи тензии и опасност за избивање на нови конфликти

Пронајдете не на следниве мрежи: