МИСТЕРИОЗНА БОЛЕСТ СЕЕ СМРТ: Убива во рок од 24 часа, а веќе има 17 мртви!

Болест, чии симптоми вклучуваат главоболка, губење на тежината, заматен вид и губење на свеста, ги убива своите жртви во рок од 24 часа од појавата на првите симптоми.Од мистериозната болест која ги убива заболените во рок од 24 часа, до сега починале најмалку 17 луѓе на југоистокот на Нигерија, соопшти денес владата на оваа држава.
Мистериозната болест се појавила кон почетокот на оваа недела во градот Оде-Иреле, изјавил телефонски портпаролот на владата на сојузната држава Ондо, Кајоде Акинмаде, за AFP.
Болеста чии симптоми вклучуваат главоболка, губење на тежината, заматен вид и губење на свеста, ги убива своите жртви во рок од 24 часа од појавата на првите симптоми, наведува тој.
Акинмаде наведе дека лабораориските тестови ја исклучуваат еболата или било кој друг вирус. Тој додава дека во Оде-Иреле стигнале здравствени работници, стручњаци од владините и хуманитарните агенции како и епидемиолози од Светската здравствена организација (СЗО).
СЗО соопшти дека има информација за 14 случаеви на оваа болест, од кои за 12 починати.
Покрај 17 починати, во изминативе 72 часа не бил забележан ниту еден нов случај на оваа болест и таа засега не се проширила вон градот. Претставник на СЗО, Тарик Јашаревиќ, изјавил дека примероци од крв, урина и ликвор од уште две жртви се испратени на анализа во Универзитетската болница во Лагос, но резултатите сè уште се чекаат.Од мистериозната болест која ги убива заболените во рок од 24 часа, до сега починале најмалку 17 луѓе на југоистокот на Нигерија, соопшти денес вла

Пронајдете не на следниве мрежи: