Најмалку 2.000 киднапирани девојчиња на Боко Харам се обучуваат да убиваат

Околу 2.000 жени и девојчиња биле киднапирани од исламистичката групација Боко Харам во изминатите 15 месеци и многумина од нив се обучувани да се борат, соопшти организацијата за заштита на човековите права Амнести интернешнл.Младите жени и девојчињата се киднапирани, затворани, а во некои случаи и силувани, мажени насила и принудувани да учествуваат во вооружени напади.
Понекогаш тие треба да ги нападнат градовите и селата, од кои потекнуваат, се наведува во извештајот на АИ, кој е изработен врз основа на сведочења на околу 200 лица.
Ајша (19), била киднапирана од свадба во септември, заедно со нејзината сестра. Екстремистите ги одвеле во камп во градот Гулак. Невестата и сестра ѝ биле принудени да се омажат за борци на Боко Харам, а Ајша и околу сто жени и девојчиња биле обучувани да се борат.
Ајша биле обучувана да стрела и да користи експлозив, како и да напаѓа населени места. За време на тримесечното ропство таа била силувана, понекогаш групно. Борците од Боко Харам пред нејзини очи убиле околу 50 лица, меѓу кои и нејзината сестра.
Екстремистите ги носеле киднапираните жени и девојчина директно во кампови или во куќи, каде ги индоктринирале со својата верзија на исламот како подготовка за брак.
АИ ги документирала воените злосторства и злосторствата против човештвото, кои ги извршила Боко Харам во Нигерија. Групацијата убила над 5.500 лица во североисточна Нигерија изминатите 15 месеци и нападнала најмалку 300 градови и села. Бунтовниците напаѓаат војници и полицајци, на кои им ги одземаат оружјето и муницијата, а потоа ги користат против цивили.
Екстремистичките групи, како Боко Харам се почесто го користат сексуалното насилство како тактика за терор врз цивилите, нагласија Обединетите нации во вчерашниот годишен извештај.
Зајнаб Бангура, специјален претставник на генералниот секретар на ОН за прашања за сексуално насилство во вооружени конфликти, ги додаде Исламска држава, милициите Ал Шабаб и фронтот Ал Нусра, како и други девет армии и милиции на црната листа на организации, обвинувани за сексуално насилство.Младите жени и девојчињата се киднапирани, затворани, а во некои случаи и силувани, мажени насила и принудувани да учествуваат во вооружени напади.

Пронајдете не на следниве мрежи: