Лукашевич: „Русија не е вмешана во внатрешната криза на Јемен“

Александар Лукашевич изјави денеска дека Русија нема намера да се меша во внатрешната јеменска криза, оценувајќи ги како апсурдни изјавите дека руски авиони во Јемен носат оружје за шиитските бунтовници.„Ако тие вести се точни, тие апсурдни, неодговорни и провокативни изјави не заслужуваат ниту коментар“, изјави Лукашевич, коментирајќи ги информациите во медиумите дека министерот за надворешни работи на Јемен, Ријад Јасин, ја обвини Москва за испорака на оружје во Јемен, пренесе ТАСС.
Според Лукашевич, Русија не дозволува какво било мешање во конфликтот во Јемен.
Тој повторно ја истакна потребата од спроведување на руската иницијатива за воспоставување „хуманитарна пауза“ во воздушните напади за испорака на хуманитарна помош и евакуација на цивили.„Ако тие вести се точни, тие апсурдни, неодговорни и провокативни изјави не заслужуваат ниту коментар“, изјави Лукашевич, коментирајќи

Пронајдете не на следниве мрежи: