Киднапирано е детето кое го расплака светот!

Ади Худеа, четиригодишната мала Сиријка која ги крена рацете пред камерата за која мислела дека е оружје, бил киднапирана при обидот на нејзиното семејство да избега од градот Идлиб.Сириското девојче кое има само четири години, чија фотографија со кренати раце во знак на предавање пред фотоапарат го расплака целиот свет, заврши во рацете на терористите од озлогласената Ал Каеда.
Тие ја киднапирале во градот Идлиб, откако нејзината мајка со уште три деца се обидувала во тоа место да најде засолниште од екстремистите од различни фракции, вклучувајќи ја и Исламската држава.
Симбол на страдање
Девојчето пред неколку дена стана симбол на страдањето во Сирија зафатена од суровата четиригодишна граѓанска војна, кога нејзината фотографија се појави на интернет. Имено, Худеа кон крајот на минатата година во паркот за бегалци Атмех, беше сместена на околу 10 километри од турската граница, ја видел фотографот Осман Сагирли.
Кога сакал да го фотографира, несреќното дете помислило дека фотоапаратот е оружје и веднаш ги кренало рацете во знак на предавање. Сагирли неколку месеци подоцна ја објавил фотографијата и објаснил дека Худеа очигледно под импресии од стравичните страдања во својата земја, е научена така да реагира.
„Кога ја видов што прави, се смрзнав и почнаа да ми течат солзи“, раскажал Сагирли.
Непозната судбина
Британски „Дејли мејл“ сега објави дека мајката на Ади со неа и со нејзините браќа и сестра се упатиле кон југот на Сирија, затоа што џихадистите стигнале многу блиску до кампот за бегалци. Меѓутоа, наместо да пронајдат засолниште, ги киднапирале членовите на Нусра фронтот, блиски до Ал Каеда, па судбината на девојчето е непозната.
„Граѓаните на Идлиб ќе се соочат со шеријатското право и така ќе ја сочуваат својата земја и својата крв“, рекол лидерот на Нусра фронтот.
Инаку припадниците на Нусра фронт кои го киднапирале Ади, спроведуваат екстремни верзии на шеријатско право и се познати по бруталност. Нивните методи на казнување опфаќаат монструозни убиства на жените и каменување на мажите до смрт за најмал престап.Сириското девојче кое има само четири години, чија фотографија со кренати раце во знак на предавање пред фотоапарат го расплака целиот свет, заврши

Пронајдете не на следниве мрежи: