На градската плажа во Сарти Србинка спасена од давење

Спасувачите на градската плажа на грчкото туристичко место Сарти извлекле од водата 67-годишна Србинка која се давела, и и дале вештачко дишење и кислород. Жената подоцна била пренесена во болницата во Полигирос на Халкидики.
Како што јавуваат грчките медиуми, во Сарти летуваат претежно семејства со деца , па затоа треба да се внимава на безбедноста, односно да се почитуваат црвените знаменца, затоа што морските струи се силни, а брановите опасни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.