Втората црна кутија потврди: Лубиц намерно го срушил авионот!

Втората црна кутија од авионот  „Џерманвингс“ покажува дека авионот намерно е срушен и дека пилотот Анреас Лубиц го исклучил автопилотот и  го срушил авионот, објавија француските истражители.„Првото читање на податоците укажува на тоа дека пилотот го поставил автопилотот  во понирање  според висина од 30 метри. Потоа, неколку пати откако авионот почнал  да се спушта, ги менувал поставките на автопилотот за да ја зголеми брзината на авионот“, рекле француските истражители во службената изјава.
Лубиц во повеќе наврати ја кревал брзината на авионот а на крај го насочил авионот право во планините.

Другата црна кутија која ги бележи податоците за летот пронајдена е во четврток на местото на падот  на авионот кој на 24 март се сруши во француските Алпи.
Оваа црна кутија ги бележи параметрите на летот на авионот кој се сруши со 150 патници и членови на екипажот.
Првата црна кутија била пронајдена на самиот ден на несреќата и нејзината анализа  отрила дека во моментот на драмата копилотот бил сам во пилотската кабина и дека намерно го срушил авионот.„Првото читање на податоците укажува на тоа дека пилотот го поставил автопилотот  во понирање  според висина од 3

Пронајдете не на следниве мрежи: