Викендот на крај, на Табановце и Богородица се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.
На граничниот премини Табановце за влез и излез од државата се чека околу 30 минути, додека на Богородица се чека триесетина минути само за излез.
Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Особено да се внимава на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.