Во поплавите кои го зафатија Истанбул загина едно лице (ВИДЕО)

Пороен дожд го зафати турскиот град Истанбул, поплавувајќи улици и подруми, а беше нарушен и железничкиот и водниот сообраќај. Во поплавен подвозник пронајдено е починато едно лице. Медиумите објавија и дека од дождот е поплавена и историската Капали Чаршија, комплекс со мали улички и голем број продавници. Властите го прекинаа превозот со траект преку Босфор, а укинати се и некои трамвајски линии.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.