сабота, 28 ноември 2026
Најново

Деца во паничен страв: Рингишпил се расипа на 30 метри висина, заглавените ги ваделе пожарникари

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Синоќа околу 19 часот дошло до дефект на голем рингишил во Биоград на Море, поради што голем број луѓе, повеќето деца, останале заробени на височина од 30 метри, пишуваат хрватски медиуми.
Припадници на противпожарната бригада на Биоград на Море пристигнале брзо, но не можеле да направат ништо бидејќи противпожарните скали им биле на поправка во Германија.


Побарале помош од колегите од Задар. Скалите стигнале, па акцијата за спасување почнала во 20 часот.
Последните луѓе од рингишпилот биле симнати во 20.30 часот.

Поврзани вести