Скениран Записник за примање кривична пријава од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција со датум 2 мај 2019 г беше објавен на порталот „Инфомакс“.
„Јас од месец септември 2018-та година до некаде 10 април 2019-та сум постојано уценуван од група на луѓе кои од мене изнудија голема сума на парични средства“ -вели Орце Камчев во исказот даден пред јавната обвинителка Вилма Рускоска на 2 мај оваа година.
Целиот текст на ИНФОМАКС.
Ова не е прв пат во јавноста да протекуваат детали од истрагата за случајот „Рекет“. Претходно, во италијанскиот весник „Ла Верита“ беа објавени видео снимки од домот на Орце Камчев на кои, како што објави весникот, се гледа како се земаат 1 милион евра рекет, како и телефонски разговори помеѓу Камчев и Јовановски на кои се слушаше и гласот на обвинителката Катица Јанева.