Била казнета со 70 удари со камшик и 5.300 евра поради статус на WhatsApp!

Судот во Саудиска Арабија осуди една жена на 70 удари со камшик, откако била прогласена за виновна за „навреда“ поради фотографијата која му ја пратила на мажот преку WhatsApp.Освен камшикувањето, 32-годишната жена добила и парична казна од скоро 5.300 евра која ќе му биде компензирана на мажот за „нанесената душевна болка“ која ја претрпел поради навредата која му „наштетила на неговиот углед“, пренесе Gulf News.
Жената признала дека го „навредила“ мажот откако се карале преку апликацијата, но таа ја оспорила одлуката на судот. Сѐ уште не е познато што точно било напишано во навредливата порака која ја предизвикала караницата. Сепак, на социјалните мрежи се шпекулира дека жената наводно му пратила на мажот слика од себе како вози на јавно место. Инаку, на жените во Саудиска Арабија им е забрането да возат.
Случајот заврши на суд во Ал Катиф, во саудиската Источна провинција, чии пресуди често завршуваат како вести ширум светот поради шокантните одлуки и како услови за најварварски светски правосуден систем.
Законите на Саудиска Арабија за „клевета и нанесување штета на друг“ со употребата на технолошки уреди, предвидуваат казна до година дена затвор и парична казна до 15.000 евра.
Пресудата дошла само еден ден откако еден друг судија му дозволил на Саудиец да се разведе од сопругата, бидејќи не му се допаднал нејзиниот статус на WhatsApp. За време на судењето, било наведено дека жената напишала: „Се молам да имам доволно трпение за да издржам со тебе“, во пораката ги додала и иницијалите на сопругот.
Жените во Саудиска Арабија сѐ повеќе ги користат социјалните мрежи за да нагласат или да си поигруваат со рестриктивниот начин на живот кој им е наметнат. Главно, властите ги толерирале ваквите кампањи, но во последно време се донесуваат насилни казни за сите жени кои ќе се одлучат на ваков чекор.
Заменик директорот на Центарот за развој на семејството во Источната провинција, Калид Ал-Халиби, предупреди дека „социјалните мрежи се главна причина за развод“ во Саудиска Арабија.Освен камшикувањето, 32-годишната жена добила и парична казна од скоро 5.300 евра која ќе му биде компензирана на мажот за „нанесената душевн

Пронајдете не на следниве мрежи: