ХАОС НА УЛИЦИТЕ ВО ФРАНКФУРТ: Приведени 500 луѓе, горат автомобили…

ЛЕВИЧАРСКИТЕ АКТИВИСТИ , соединети во меѓународното движење,,(Blockupy)“ изјавија  дека целта на нивните активисти е во согласност со спротивставувањето на владините мерки на штедење.– Над нас летаат хеликоптери, а воздухот е полн со солзавци. Полицијата со бодликава жица ја опколи новата зграда на ЕЦБ( Европска централна банка)-наведува известувачот за ,,Раша тудеј“ од центарот на Франкфурт.
Тој наведува дека рано изутрина избувнал првиот судир помеѓу полицајците и демонстрантите, и дека е запален еден полициски автомобил, па полицијците употребиле солзавец за да го растераат насобраниот народ.
Полицијата соопштува дека еден полицаец е повреден , додека неколку приватни автомобили се запалени во текот на вечерта, а два полициски автомобила се запалени во полициската станица во центарот на градот.
Воедно демонстрантите ја изразуваат и поддршката на Владата на Грција.
Владата во Грција покажа дека е можна и друга политика- изјавува Хенри(54), кој од Парис дошол во Франкфурт да учествува на демонстрациите .

Извор: infomax.mk– Над нас летаат хеликоптери, а воздухот е полн со солзавци. Полицијата со бодликава жица ја опколи новата зграда на ЕЦБ( Европска централна

Пронајдете не на следниве мрежи: