Светскиот шампион во бокс, Владимир Кличко го нападна рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека со постапките би можел да ја предизвика Третата светска војна.Украинскиот светски шампион во бокс, го прозва Путин во интервјуто за спортскиот весник L'Equipe.
Кога му био поставено прашањето би му рекол на Путин ако се најде со него лице в лице, Кличко рече дека би го предупредил на повторувањете на грешките од минатото.
„Би му рекол дека ги прави истите грешки од минатото“, истакнал Кличко, пренесува AFP.
„Војната на истокот од Украина нема никаква смисла. Ние сме како браќа (Украина и Русија). За две, пет или дваесет години, Русија ќе се извини за агресијата и анексијата на Крим“, додал Кличко.
Кличко, како и други украински официјални лица пред него, ги повика западните земји да покажат повеќе сила во односот кон Русија
„Мислам дека Европската Унија спие. Путин прави што сака. Ние во боксот имаме една изрека која вели ’биди агресивен кон агресорот’. Тој (Путин) нема таму да престане, ако не му покажеме каде се границите. Ќе продолжи да маршира напред“, заклучил Кличко.Украинскиот светски шампион во бокс, го прозва Путин во интервјуто за спортскиот весник L'Equipe.
Кога му био поставено прашањето би му рек



