Денес се одбележува една година од руски Крим!

Избледнетите сино-жолти украински национални знамиња на поштенските сандачиња и регистарските таблички на возилата се меѓу последните траги на еден друг период, потсетник на времето кога Русија пркосејќи ѝ на меѓународната заедница го апсорбираше Крим.Денес, еднa година, од контроверзниот референдум за присоединувањето на Крим на 16-ти март, крваво црвениот руско грб о двоглав орел сјае над зградата во главниот град Сомферопол и јасно ја симбoлизира промената на власта на црноморскиот полуостров, се вели во репортажата на германската агенција DPA.
„Има плусови и минуси. Иако знае да се јават тешки моменти, прашајте ги сите – 95 отсто ќе ви кажат дека не сакаат враќање на старото“, вели Викторија, мајка на три деца додека шета по главната пешачка улица којашто го носи името на Карл Маркс. Како и многумина други жители на Крим, Викторија ги фали новите социјални добивки, како што е бесплатната здравствена грижа. „Но моравме да се навикнеме и на многу нови закони“, додава.
Комплицираната руска бирократија и долгите редови за новите пасоши се меѓу главните забелешки. А сопствениците на куќите или земјиштето мора да посегнат длабоко во својот џеб за повторно да се впишат во катастарот.
Наспроти кримскиот парламент поставен е тенк на некогашната Црвена армија од Втората светска војна. Тоа е потсетник на тоа дека Русите и Украинците некогаш се бореле против заедничкиот непријател. Во близина работниците ја обновуваат руска православна црква.
Се’ уште се видливи уличните фотографии и остатоците од букетите цвеќе во спомен на загинатите во Киев пред малку повеќе од една година, кога прозападните демонстранти се судрија со полицијата пред да биде изигран договорот меѓу опозицијата и тогашниот претседател Виктор Јанукович чии гаранти беа тогашните шефови на дипломатиите на Германија, Франција и Полска, по што тој беше отстранет од должноста во некомплетниот парламент. Околу стотина демонстранти и десетина полицајци ги загубија животите а некои од нив ги познавал поранешниот украински војник од Крим – Владислав. „Ми беа пријатели“, вели овој 34-годишник кој сега заработува превезувајќи ги туристите.
„Соборувањето на претседателот не’ шокираше тогаш. Никогаш никој не сакаше влада којашто ќе дојде насила“, вели Владислав додавајќи дека изборите беа најавени и дека деновите на владата на Јанукович обвинувана за корупција биле одброени. Благодарен е што Крим е поштеден од таквите крвопролевања и што сега е во составот на Русија. Денес прима месечна пензија од 23.000 рубљи, околу 370 американски долари, или трипати повеќе откако Крим беше во составот на Украина. „Ќе видиме дали тие подобрувања ќе потраат“, вели.
Влијанието на западните санкции против Русија се забележува и на Крим. Цените растат, локалниот „McDonalds“ е затворен, а банкоматите ги исфрлаат странските картички, забележуваат репортерите.
Градењето на мостот кој би го поврзувал Крим со руското копно преко Керчкиот теснец би требало да однесе напредок, но мостот долг 19 километри и вреден 3,5 милијарди американски долари ќе биде завршен до 2019 година.
Противниците на присоединувањето на црноморскиот полуостров на Руската Федерација што Западот го смета за нелегално руско анектирање на украинска територија, се повлечени. Но нив и не ги има многу, зашто мнозинско е етничкото руско население е над 62 отсто а одѕивот за враќањето на автономијата и присоединувањето според организаторите на референдумот од 16-ти март изнесувал околу 97 отсто од излезените гласачи чиј одѕив надмина 80 проценти.
Но за DPA, поранешна менаџерка во туризмот Катја тврди дека гласовите на незадоволство меѓу двата милионите население брзо биле стивнати со дејствување на руската служба ФСБ. „Луѓето навистина се преплашени“ тврди Катја. Таа одбила да го врати украинскиот пасош и морала официјално да го одбие руското државјанство. „Сега не можам да најдам работа и имам ограничено станарско право, иако живеам во тан кој е моја сопственост“, тврди Катја којашто се надева дека ќе се пресели во Киев.
Потоа тука се и околу 300 илјади кримски Татари, кои на повик на сегашниот турски премиер Ахмет Давутоглу останаа мирни за време на превирањата на Крим, но велат дека многумина од нив го бојкотираа референдумот, Сеќавањата на бруталната депортација на Грузиецот Сталин од 1994 година но и подоцнежните кога Крим станува дел од Украина се и натаму свежи. Тие помалку се сметаат и за маргинализирани, и покрај рехабилитацијата и извинувањето од името на рускиот народ од претседател Владимир Путин за неправдите кои им биле нанесени во периодот од Советскиот сојуз.
Проблеми со некаква лојалност, пак, воопшто нема во Севастопол. Градот кој го основала руската царица Катарина Велика беше седиште на руската Црноморска флота изминатите 230 години, дури и по распадот на СССР заради специјалниот договор меѓу Москва и Киев со кој Русија плаќаше за користењето на пристаништето 100 милиони долари годишно, сите давачки за својот персонал ги уплатуваше преку украинскиот социјален систем и драстичното намалување на цената на рускиот гас за Украина. Пристаништето секогаш било и останува јужен бастион на рускаа воена моќ и на историската верноста на Москва.
Во главната улица продавниците за сувенири продаваат блузи и шолји со ликот на Путин и магнети за фрижидери со руското национално знаме, се додава во репортажата на DPA. „Референдумот пред една година беше како парзник“, вели Дарија,сопственичкана мала продавница со мешовита стока. Таа е горда Русинка и ја растажува само, покрај војната во источна Украина, што промената на власта во Крим и во Украина воопшто донела раздор во многу семејства, вклучително и во нејзиното. „Моите баба и дедо живеат крај Киев. Само баба ми зборува со нас, Дедо ми не сака, бидејќи ја поддржуваме Русија“, вели Дарја.Денес, еднa година, од контроверзниот референдум за присоединувањето на Крим на 16-ти март, крваво црвениот руско грб о двоглав орел сјае над зград

Пронајдете не на следниве мрежи: