За излез од државата на ГП Табановце се чека од 30 до 45 минути

На граничниот премин Табановце има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање за излез од државата е од 30 до 45 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државава, соопшти АМСМ во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.