Избегната несреќа во Охридското Езеро, потона педалинка

Секторот за внатрешни работи од Охрид соопшти за инцидент што викндов се случил на Охридското Езеро, но за среќа минал без повредени лица. Се работи за инцидент кој се случил на 31 август, кога потонала педалинка што за рекреација ја изнајмиле три млади лица од Гостивар.
Во 14:15 часот 21-годишно лице од Гостивар пријавило дека околу 13:10 часот педалинката што заедно со уште две лица исто така од Гостивар ја изнајмиле на плажа и со која се возеле по езерото, почнала да тоне на оддалеченост од триесеттина метри од брегот. Притоа двете лица испливале на брегот, а лицето што го пријавило случајот во полиција со помош на лица од друга педалинка што била во близина било префрлено на брегот.
На местото на настанот е извршен увид, а по добиените насоки од јавен обвинител педалинката е одземена и со записник предадена на полициски службеници.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.