Синоќа поранешниот пратеник од редовите на НСДП, Љубомир Јосифовски бил приведен на распит во полициската станица Беко во Скопје. Се сомничи за неовластено влегување во комјутерскиот систем на Централниот регистар.
– Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во Биро за јавна безбедност при МВР на РМ, на 02.09.2019, по претходно доставена пријава од страна на Централниот регистар на Македонија и консултација со надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, го лиши од слобода лицето Љ. Ј. (46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”, предвидено и казниво по чл.251 од КЗ на РМ, информираат денес од МВР.