ПОТЕРА: Американците нудат 3 милиони долари за руски хакер

Американското министерство за надворешни работи и ФБИ, понудија награда од три милиони долари за информацијата која би можела да доведе до апсење на Русинот Евгениј Михајович Богачев, кого американските власти го сметаат за еден од најголемите сајбер криминалци на денешницата.Познат и според прекарот „lucky12345“ и „slavik“, Богачев се терети за тоа дека бил администратор на мрежата која инфилтрирала пиратска програма во повеќе од милион компјутери без одобрение, соопшти Стејт департментот.
Корисниците на програмата „Zeus“ и „GameOver Zeus“, во најсовршената верзија можеле да „крадат банкарски податоци и да ги испразнат сметките“. На тој начин, тие украле повеќе од 100 милиони долари од американски поединци и фирми, додаваат од Стејт департментот.
„Богачев е можеби најголемиот сајбер криминалец на планетата“, се наведува во соопштението.
Според мислењето на помошник директорот на сајбер одделот од американското ФБИ Џозеф Демарест, од една банка во Флорида биле „симнати“ седум милиони долари во 2012 година и тоа со помош на вирусот „GameOver Zeus“.Познат и според прекарот „lucky12345“ и „slavik“, Богачев се терети за тоа дека бил администратор на мрежата која инфилтрир

Пронајдете не на следниве мрежи: