Маја Оџаклиевска со својот внук Лука беше гостинка во Охрид, на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“ кој се одржа викендов. Во дует со колегата Срѓан Марјановиќ со песната „Песочен часовник“ го освои второто место од публиката на Интернационалната вечер.
Оџаклиевска која важи за еден од најквалитетните вокали во регионот, е родум од Скопје, а долги години живее во Белград. Маја секогаш отворено зборува за аутизмот на свокот внук.
За Женски магазин, таа откри дека откако нејзината ќерка Теа, мајката на Лука си заминала од Белград, таа се грижи за внукот. Теа е помалата ќерка на Маја, за која таа и претходно има изјавено дека е бунтовна и кога нешто ќе науми, никој не може да ја спречи. Постарата ќерка Андреа, живее во Белград.
„Теа си замина, не можам многу за тоа да зборувам. Сега Лука е сиот мој свет, мојот Универзум, сама се борам со неговата болест. Живеам за него и живеам за моментот кога ќе оздраве, но ете, гледате, тој има девет години и уште не зборува“, ни рече Маја.
Извор: Женски магазин
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.