ТЕПАЧКА ВО ПАРЛАМЕНТ: Повредени петмина турски пратеници

Петмина пратеници утринава се повредени во тепачка која се случи во турскиот Парламент, при што се фрлале столици, а народните избраници меѓусебе се удирале со чеканчето и ѕвончето кои ги користи претседателот на Собранието за време на седниците, пренесе МИА. Инцидентот избил рано изутринава откако опозициските пратеници се обиделе да го одложат почетокот на дебатата за спорниот предлог-закон за безбедност, со кој на полицијата би и се дале поголеми овластувања при претреси и апсења.
Пратеникот на прокурдската партија, Ертугрул Куркчу изјави дека за време на физичката пресметка во просторијата летале столици, а двајца пратеника биле удрени со чеканчето и ѕвончето, по што се пренесени во болница, пренесе МИА.
На Куркчу и уште двајца пратеника им била дадена помош во амбулантата во зградата на Парламентот.Инцидентот избил рано изутринава откако опозициските пратеници се обиделе да го одложат почетокот на дебатата за спорниот предлог-закон за безбедно

Пронајдете не на следниве мрежи: