Во Украина стотици бебиња заразени со ХИВ

Стотици бебиња се заразени со ХИВ вирус во источниот дел на Украина, каде здравствените установи беа мета на вооружен напад и повеќе не можат да го спречат пренесувањето на вирусот од мајки на деца, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).- Безбедноста на крвта не може да се гарантира, наведува СЗО, додавајќи дека зградата на „Банката за крв“ во Донецк била нападната и предизвикана е огромна штета.
Пред да започне конфликтот меѓу украинската војска и проруските сили, во Доњецката област имало околу 28.000 регистрирани случаи на ХИВ, што претставува највисоко ниво на заразување во Украина.
Над 1.800 деца со ХИВ-позитивни мајки ја загубиле социјалната помош во реонот на конфликтот.
СЗО предупреди дека има и се почести случаи на заболени од туберкулоза, каде во Донецката област, која е под контрола на бунтовниците, е забележано зголемување од пет отсто.
Здравствениот систем во источниот дел на Украина е сериозно нарушен поради нападот на 78 здравствени установи, а СЗО соопшти дека во аптеките повеќе нема речиси никакви резерви од најпотребните лекови, меѓу кои и вакцините.- Безбедноста на крвта не може да се гарантира, наведува СЗО, додавајќи дека зградата на „Банката за крв“ во Донецк била нападната и пр

Пронајдете не на следниве мрежи: