Тврдење на претседателот на Судан: „Знам кој стои зад ИСИЛ и Боко Харам. Тоа се ЦИА и Мосад“

„Зад исламистичките милитантни групи ИСИЛ и Боко Харам, стои американска ЦИА и израелски Мосад“, изјави суданскиот претседател Омар ал Башир, пренесе Independent.Во интервјуто, тој го изнел тврдењето дека помеѓу тие две тајни агенции и двете милитантни групи постои јасна врска.
Тој го дал интервјуто, откако Исламската Држава објави видео од егзекуцијата на 21-от заробен египетстки христијанин, на што Египет одговори со бомбардирање на исламистите во Либија.
„Не постои муслиман кој би направил нешто такво“, рекол тој и додал дека сите погрешно ја сфатиле Исламската Држава.
Тој додаде и дека воздушните удари против исламистите се контрапродуктивни, бидејќи само поттикнуваат на уште поголемо насилство. Воедно, ал Башир наведе дека во Судан беше уапсена група млади луѓе кои тргнале по патот на џихадизмот, но дека „успешно биле едуцирани и одвратени од радикалните идеи“.
Неодамна и лидерот на либански Хезболах, рече дека ЦИА и Мосад стојат зад екстремистичките организации.
Фото: АРВо интервјуто, тој го изнел тврдењето дека помеѓу тие две тајни агенции и двете милитантни групи постои јасна врска.
Тој го дал интервјуто,

Пронајдете не на следниве мрежи: