
Јелена Карлеуша на сите им го покажа својот нов дом, вилата на Дедиње која претходно му припаѓаше на познатиот фудбалер Драган Стојковиќ Пикси.
На социјалните мрежи пејачката се пофали и напиша: “Мојата нова куќа“, а од фотографијата се гледа дека пред неа има голем двор. А, таа, нормално не пропушти да дополни дека има и четири големи бањи, како и базен пред куќата.
Како што пишуваат српските медиуми, во внатрешноста на куќата има сауна и теретана, а наводно и одличен безбедносен систем. Куќата на Јелена, наводно и ја купил сопругот Душко Тошиќ и чинела 2.500.000 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:



