Експлозија и пожар на факултет во Белград

На Технолошко-металуршкиот факултет во Белград синоќа се случи експлозија и изби пожар, нема повредени, но причинета е голема материјална штета.
Факултетот од утрово нормално работи и нема опасност од испарување, иако претходно некои медиуми објавија дека има висока концентрација на штетни гасови во објектот.
Инцидентот се случил еден час по полноќ, кога експлодирал ладилник со хемикалии во одделот за органска хемија.


-Моторот на ладилникот со хемикалии се прегреал. Поради тоа се слушнала експлозија. Извршен е увид и нема никаква опасност. Факултетот нормално работи, соопштено е од Технолошко-металуршкиот факултет.
Пожарникарите брзо интервенирале и успеале да го локализираат пожарот, а полицијата ги блокираше околните улици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.