Популарната пејачка Јелена Карлеуша сподели интересно видео и содржина на својот Инстаграм профил.
Имено Карлеуша на својот Инстаграм профил сподели видео на кое се гледа како со својата ќерка Ника го гледаат филмот „Ејми“ кој е посветен на животот на легендарната пејачка Ејми Вајнхаус.
Јелена тврди дека во филмот се искористени нејзини снимки од концертот на Усче во 2013 година.
-Чиј е овој концерт Ника?, праша Јелена.
„На мама“, одговори Ника.
-Го украдоа концертот на мама, што треба да правиме? Да ги тужиме?, праша Карлеуша.
Додека нејзината ќерка едноставно одговори „ДА“. на вниманието.