ДРАМА ВО ФЛОРИДА: Пукал во еден трговски центар, па си пресудил сам на себе!

Две лица загинале во пукотница во еден трговски центар во градот Мелбурн во централна Флорида, а едно лице е повредено, јави CNN.Се верува дека една од жртвите е самиот напаѓач, вели шефот на мелбурнската полиција Винс Прајс и додава дека не му е јасен мотивот за нападот.
Пукањето почнало во 9:30 часот по локално време. Наводно, вооружениот напаѓач ранил две лица, од кои едно подлегнало на повредите, а потоа тој самиот си пресудил.

Police say a second person has died after a shooting in a Florida mall food court. https://t.co/O9RvtqJD66
— CNN (@CNN) January 17, 2015

„Се наоѓавме на самата линија на пукањето. Бог ме спаси, без разлика дали луѓето ќе ми поверуваат или не“, раскажала Дона Хуанс, која купила фустан и се подготвувала да седне да јаде кога почнало пукањето.
„Ми испаднаа работите. Телото ме натера да потрчам“, зачудено вели таа.
Полицијата вели дека ситуацијата се наоѓа под контрола и дека допрво треба да се утврди причината за нападот.Се верува дека една од жртвите е самиот напаѓач, вели шефот на мелбурнската полиција Винс Прајс и додава дека не му е јасен мотивот за нападот.

Пронајдете не на следниве мрежи: