Шешељ нема да се врати во притвор во Хаг

Судскиот совет на Хашкиот трибунал го одби барањето на обвинителството обвинетиот Воислав Шешељ, кој се наоѓа на привремена слобода, да се врати во притвор во Хаг, потврди канцеларијата на Меѓународниот казнен суд за поранешна Југославија. Според српските медиуми, Судскиот совет во образложението на таквата одлука наведува дека обвинителството не поднело жалба на одлуката за пуштање на Шешељ на привремена слобода, а преиспитување на таквата одлука е можно само врз основа на нови факти, пренесува Ал Џезира Балкан.Судијата Мандиаје Нианг се спротивстави на одлуката на мнозинството во расправата на Судскиот совет. Шешељ со одлука на Судскиот совет на 12 ноември е привремено ослободен од притвор во Хаг поради хуманитарни причини, односно за лекување на тешка болест.Обвинителството на 1 декември побара Шешељ да биде вратен во притвор, бидејќи со своето однесување за време на привремената слобода во Србија предизвикал поткопување на самата одлука за привремено ослободување од хуманитарни причини. Одлуката за привремено пуштање на слобода на Воислав Шешељ ја донесе самоиницијативно Судскиот совет под претседателство на судијата Жан-Клод Антонети. Во истата одлука, Судскиот совет се прогласи за ненадлежен на барањето на Шешељ да биде казнет главниот обвинител Серж Брамерц за недозволено однесување. Воислав Шешељ е обвинет за злосторства против човештвотот и кршење на законите и обичаите на војување во Хрватска, Босна и Херцеговина и Војводина. Според српските медиуми, Судскиот совет во образложението на таквата одлука наведува дека обвинителството не поднело жалба на одлуката за пуштање н

Пронајдете не на следниве мрежи: