Затвореникот од КПУ Идризово кој утрово избега при транспорт додека службениците од затворска полиција си купувале сендвичи, е фатен во 17.30 часот, во близина на селото Пресница, Општина Липково.
Затвореникот, 38 годишниот Фидан Асани, не употребил многу сила за да излезе од комбето во кое се превезувал, бидејќи немал лисици на рацете.
Враќајќи се од комплексот клиники каде што го носеле на закажан лекарски преглед, стражарите застанале да појадуваат од сендвичарница кај средното училиште Михајло Пупин. Затвореникот ги оттурнал службениците и избегал во непознат правец.
Во комбето се превезувала и една затвореничка која била чувана од командирка на затворска полиција од женскиот оддел во Идризово. Токму таа го пријавила настанот но, откако се вратиле во затворот.