Вака изгледало настанувањето на пицата… Иако никој со сигурност не може да тврди кога настанала пицата, се верува дека првата настанала на подрачјето на Медитеранот каде што многу од народите, како што биле Грците, Римјаните и Фениќаните, јаделе тенко, развлечено, печено тесто кое го премачкувале со масло, лук и зачни.
Важниот пресврт во историскиот развој на пицата се случил со доаѓањето на доматот во Европа од Јужна Америка во 1522-та година. Доматот многу години се сметал за отровен и служел како украс во градините. Меѓутоа, гладта и сиромаштијата на жителите ги натерала на тестото да додадат домат и така настанало првото парче налик на пицата.
Јадење за сиромашни
Во Италија некои од пекарите тенкото, развлечено тесто го користеле за да проверат дали нивните печки се загреани. За да не го фрлат тоа тесто го делеле на сиромашните луѓе кои на него ги ставале остатоците од нивниот ручек, воглавно тоа биле зачини и зеленчук.
Во текот на 18-от век почнува да се додава и моцарела на “пицата“. Гласот за тој специјалитет толку многу се расчул низ светот што луѓето ширум светот специјално доаѓале во тој италијански град само за да го пробаат тоа “јадење за сиромашни“ кое го подготвувале пица мајсторите.