Рики Мартин и неговиот сопруг го добија четвртото дете

Латино пејачот Рики Мартин и неговиот сопруг Џван Јозеф го добија своето четврто дете. Тој ја сподели радосната вест на социјалните мрежи откривајќи дека синот го добил името Рен Мартин Јозеф.
Тие ги имаат и 11 – годишните близнаци Матео и Валентино и ќерката Лусија, за која открија дека станала дел од нивната фамилија минатогодишната новогодишна ноќ.
Четириесетиседумгодишниот пејач најави дека го очекуваат раѓањето на четвртото дете во септември, за време на Националната вечера по повод кампањата за човекови права.
-Сакам да ви соопштам дека ние сме бремени! Очекуваме! Сакам големи семејства- изјави тогаш Мартин пред камерите. Тогаш му порача на сопругот Џван дека многу го сака и како тој секојдневно го инспирира.

-Тебе и децата ве сакам со целото мое срце, вие сте мојата снага, ме мотивирате да продолжам напред. Вие сте неверојатни – им порача тој за време на настанот.
Децата ги добиле од сурогат мајки и нема информација дали Мартин или Џван е биолошки татко на некое од децата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.