Објавено видео во кое полицијата пука во 12-годишното момче од Кливленд

Полицијата во Кливленд денеска објави видеоснимка на која се гледа како полицајците во неделата го убиле 12-годишниот Афроамериканец Тамир Рајс за неколку секунди по доаѓањето во рекреативниот центар, а притоа трипати го предупредиле да ги крене рацете горе.На снимката се гледа како детето си игра со пластичен пиштол, одвреме-навреме разговара на мобилен телефон и на поголемиот дел од снимката изгледа како дете што се здодева и се шета по детското игралиште за време на невообичаеното топло ноемвриско попладне.
На еден дел од снимката се гледа дека момчето седи на маса за пикник и во еден момент станува, додека од десната страна му приоѓа полициски автомобил, се отвора вратата на совозачот и полицаецот оттаму пука кон него на оддалеченост од помалку од три метри.
„Ен-Би-Си њус“ јави дека нема тонска снимка, но претставникот на полицијата Ед Томб изјави дека полицаецот трипати побарал од момчето да ги крене рацете.
Според американските медиуми, на репликата на пиштолот немало портокалова ознака, која укажува на тоа дека пиштолот не е вистински, а диспечерот на полициската патрола не ги пренел зборовите на јавувачот дека, најверојатно, во прашање е играчка.
Соопштен е идентитетот на полицаецот што го убил Тамир. Станува збор за Томоти Леман, за кого се наведува дека е 26-годишен почетник, кој почнал да работи во кливлендската полиција во март. Другиот полицаец во патролата бил 46-годишниот Френк Гармбек, кој во полициското одделение работи од 2008 година. Двајцата се на платено отсуство сè додека обвинителот не реши дали ќе покрене обвинение за нив.

Томб истакна дека снимката е објавена на барање на семејството на момчето, кое почина во Кливлендската болница.
Во соопшението на семејството се нагласува дека оваа ситуација би можела да биде избегната.
Убиството на момчето во Охајо се случи во момент кога во САД се одржуваат протести поради одлуката на Големата порота да не поведе кривична постапка против полицаецот, кој го уби невооруженото 18-годишно момче Мајкл Браун во Фергусон во државата Мисури, на 9 август оваа година.На снимката се гледа како детето си игра со пластичен пиштол, одвреме-навреме разговара на мобилен телефон и на поголемиот дел од снимката изгледа

Пронајдете не на следниве мрежи: