Изјава на полицаецот кој го уби црномурестото момче: „Жал ми е, но мојата совест е чиста“

– Причината поради што имам чиста совест е дека знам дека правилно ја извршував својата работа, изјави Вилсон во својата прва изјава во јавност од инцидентот на 9 август годинава.- Не верувам дека тоа е нешто што ќе ме прогонува. Тоа е нешто што едноставно се случува, изјави полицаецот, на кого тоа е првпат да употреби оружје на своето работно место.
На прашањето дали исто ќе постапел и доколку Браун бил белец, Вилсон одговори: Да, нема сомнеж околу тоа.
Вилсон го опишува Браун како „силен човек“, споредувајќи го со професионалниот борец Халк Хоган. Според Вилсон, Браун тргнал кон него и сакал да го убие. Тој истакна дека се плашел за својот живот и дека Браун сакал да му го одземе службениот пиштол, поради што делувал во самоодбрана.
– Само се запрашав дали можам да го убијам овој човек. Дали тоа е во согласност со законот? Одговорот што сам го дадов е дека морам да го направам тоа, истакна Вилсон.
Вилсон и неговата сопруга се надеваат дека наскоро ќе може да се вратат на својот нормален живот.
Убиството на Мајк Браун предизвика протести низ САД, откако поротата одлучи дека против полицаецот Вилсон нема да биде покренато обвинение за инцидентот.
– Не верувам дека тоа е нешто што ќе ме прогонува. Тоа е нешто што едноставно се случува, изјави полицаецот, на кого тоа е првпат да употреби оружј

Пронајдете не на следниве мрежи: