Жена од Кенија го привлече вниманието на странските медиуми откако, наводно, го продала мажот на жената со која ја изневерувал за само 1700 кениски шилинзи (околу 15 евра).
Откако го фатила мажот како ја изневерува во нивниот брачен кревет, Една Муквана го исфрлила од домот и го спречила да се врати една недела, пред да одлучи да и го понуди на продажба на љубовницата за 15 евра.
Не е јасно дали навистина очекувала одговор од љубовницата на мажот, но кога добила противпонуда, одлучила да ја искористи. Парите ги искористила за купување на нова облека на децата за Нова година, пренесуваат локалните медиуми.