Третата светска војна трае уште од 2011 година. Ова се резултатите од неа

Војната почна во 2011 година, со превратите во арапско-муслиманскиот свет, а сега влегува во својата одлучувачка фаза. Не постојат никакви авторитети и принципи, само правото на посилниот. И што е најважно – тоа војна која сѐ уште никој никому официјално му ја нема објавено.Ирак и Украина се поделени. Сирија ја чека истата судбина. Нема никакви конференции и официјални изјави, само тајна дипломатија која во момент на слабост се заменува со воени дејствија помеѓу страните кои се вмешани во конфликтот.
Станува збор за глобална борба за ресурси која ги преминува границите на Блискиот и Средниот Исток. Брановите од таа борба се толку силни, што ги преминуваат границите на Северна Африка, Источна Европа и Централна Азија и стигнуваат до брегот на Арктикот, кој ќе ѝ помогне на нашата планета да го задоволи 40-процентниот пораст на потрошувачката на енергенти до 2030 година.
Третата светска војна е серија на хибридни војни, конфликт помеѓу променливите економски, политички и културни взаемно зависни величини, чие дејствување го определува контекстот кој ги менува случувањата во разните делови од светот.
Социјалните мрежи им се спротивставуваат на владините армии. Врз примерот на Ирак е забележливо како преку социјалните мрежи се поттикнуваат етничките групи за формирање на нови држави. Така, Исламската држава го претвора Курдистан во самостојна држава, што наидува на поддршка на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанахуа.
Тој, на 29 јуни 2014 година, изјави дека е неопходно создавањето на независна курдска држава.
Исламската држава станува симбол за Третата светска војна, а нејзиниот врв е обединување под своите знамиња на жителите од 80 земји. Светот се соочи не само со терористичка организација, туку и со меѓународна коалиција која сега ја претставуваат физички лица.

Ако „курдското будење“ во Ирак е резултат на повеќегодишната политика на САД и Израел, која го минимализираше арапскиот фактор во испораката на блискоисточна нафта во Европа и Кина, тогаш „руското будење“ на истокот на Украина е предизвикано со превратот во Киев – последица од обидот на Вашингтон и Брисел да го спречат сѐ поголемото влијание на Москва врз економијата на Стариот Свет.
ИД го прави својот пат кон Источниот Медитеран, кој ќе овозможи да се создаде инфраструктура за испорака на нафта и гас во Европа од териториите на Ирак и Сирија кои се под нивна контрола. Тогаш ќе ослабне улогата на Турција како транспортен коридор.
По воспоставувањето на контролата над медитеранскиот брег на Сирија, следно бојно поле ќе стане Либан, што ќе го принуди Иран официјално да влезе во војна со Исламската држава. Последиците ќе бидат катастрофални за целиот регион. Учеството на Иран во оваа битка ќе го доведе во прашање не само учеството на монархијата на Персискиот Залив во снабдувањето со енергенти во Европа и Кина, туку и неговата егзистенција.
Либан е вовлечен во конфликтот. Според  ТАСС, во планинскиот регион Каламун меѓу Хомс и Дамаск, сириските пилоти извршија воздушен напад врз платеници кои пристигнувале од Либан. Нивна мета беа клисурите низ кои војниците од либанскиот регион Ерсал се пробивале кон Сирија.
Иран ги интензивира своите активности во регионот преку јеменските шиити кои се ориентираат кон потиснување на поморските транспортни артерии на противниците. Транзитот на танкер со нафта од земјите на Персискиот Залив, се најде во опасност откако шиитската група Ансарулда го зазема Ходејд, клучно пристаниште на Арапскиот Полуостров и се закани дека ќе го затвори стратешкиот теснец Баб-ел-Мандеб, кој ги поврзува Аденскиот Залив и Средоземното Море.
Според „Комерсант“, сунитските монархии итно го разгледуваат прашањето за основање на заеднички поморски сили.
Да потсетиме дека низ тој теснец секој ден поминуваат околу 4 милиони барели нафта. Земајќи в предвид дека Омурскиот Залив (преку кој секојдневно поминуваат 17 милиони барели нафта), исто така го контролира Иран, со што на сунитските монархии не им е оставен простор за маневар. Нивните надежи се свртени кон Исламската држава, која се пробива до Средоземното Море.
Ехото на Третата светска војна доаѓа до Кина, во чии муслимански региони (СУАР) се разгоруваат етничко-верски конфликти. Постои опасност дека ујгурскиот сепаратизам ќе ја претвори северозападна Кина во епицентар на крвава хибридна војна. Моторот на оваа трагедија е Пакистан, чиј интегритет исто така е доведен во прашање.
Нема власт, нема принципи – само правото на посилниот. И што е најважно – тоа е војна која никој никому јавно му ја нема објавено.Ирак и Украина се поделени. Сирија ја чека истата судбина. Нема никакви конференции и официјални изјави, само тај

Пронајдете не на следниве мрежи: