Ова е најсиромашниот претседател на светот!

Поранешниот левичар и герилец, а сегашен претседател на Уругвај Хосе Мухика, пред се е познат по својот скромен начин на живот.Од својата плата, која што изнесува 12.500 долари, за себе задржува 1.250 долари, а остатокот го дава во добротворни цели, по што добил прекар „најскромниот претседател на светот“.
Затоа еден арапски шеик е спремен да му плати милион долари во замена за неговиот син автомобил – „Буба“ од 1987 година.
Според пишувањето на локалниот неделник „Бускеда“, понудата е изнесена на самитот Г77+Кина кој е одржан на почетокот на годината во Санта Круз, во Боливија.
Ова не е првпат некој да покажува интерес за автомобилот на „најскромниот претседател на светот“.
Претседателот Мухика изјавил за неделникот, „Ми дадоа понуда. Бев малку изненаден. На почетокот не му обрнував на тоа толку внимание, но подоцна стигна уште една понуда, па почнав посериозно да размислувам за тоа“, и додал дека доколку дојде до продажба на автомобилот, целиот износ ќе бил искористен во рамките на владината програма „План хунтос“ за изградба на станови за сиромашните.
Во неделникиот исто така пишува дека од страна на мексиканскиот амбасадор Фелипе Енрике му понудил за автомобилот 10 теренски возила, а исто така изјавил за неделникот дека понудата била затоа што е голем почитувач на претседателот Мухике, неговото дело, неговата доблест и неговата солидарност кон сиромашните.
Претседателот Мухика кој што го нарекуваат „Пепе“ е познат и по тоа што во текот на својот мандат кој што истекува следната година, ја легализирал марихуаната, абортусот и хомосексуалните бракови.Од својата плата, која што изнесува 12.500 долари, за себе задржува 1.250 долари, а остатокот го дава во добротворни цели, по што добил прекар &bdq

Пронајдете не на следниве мрежи: