Отворени вратите на Шведска за 100.000 азиланти

Најновите прогнози на шведскиот Завод за миграции покажуваат дека во Шведска во текот на идната година би можеле да се очекуваат рекордно многу азилнати – преку 100.000, јави дописникот на МИА од Гетеборг.Оваа година се очекува да заврши со околу 83.000 баратели на азил во Шведска, што е речиси на исто ниво како во периодот на балканските војни.
Наредната година се очекува продолжување на големата несигурност во глобални рамки и затоа нашите прогнози се поголеми од кога и да било порано, вели Микаел Рибенвик, оперативен шеф при Заводот за миграции.
Бегалските бранови во светот моментно се најголеми во периодот по завршувањето на Втората светска војна.
Многумина се бегалци од Сирија, а и поради пошироката ситуација на Блискиот Исток може да се очекува дека бројот на азиланти во Шведска да достигнува високо ниво во наредните години, се констатира во анализата на Заводот за миграции.
Азилантите од Западен Балкан и натаму се една од најголемите групи во рамките на споменатите прогнози. Во текот на 2015 година се очекува околу 8.000 лица од земјите во регионот на Западен Балкан да поднесат азилантски барања во Шведска.
Истовремено, во извештајот што денеска и е доставен на шведската Влада се предупредува дека посебно отежнувачки околности во однос на зголемувањето на азилантските бранови во земјата, се недостигот од живеалишта и долгиот административен третман на азилнатските барања.
Во текот на 2015 година се очекува барателите на азил во Шведска да чекаат во просек по десетина месеци пред да добијат одлука по поднесените молби, во споредба со административниот период од четири до пет месеци колку што било потребно за разгледување на азилантските молби во изминатиот период.Оваа година се очекува да заврши со околу 83.000 баратели на азил во Шведска, што е речиси на исто ниво како во периодот на балканските војни.

Пронајдете не на следниве мрежи: