Кои се најголемите алкохоличари во Европа?

Алкохолот и натаму е најголемиот социјален проблем во Хрватска, со што оваа земја останува на прво место на црниот список во Европа според алкохолизам.Во Хрватска има околу 200.000 алкохоличари и според истражувањата секој Хрват годишно испива по 12,8 литра чист алкохол.
-Распадот на семејството најчесто е предизвикан од незаконската злоупотреба на наркотиците, следен од алкохолизмот и коцката, за Хина изјави шефот на одделението за лекување на алкохолизам и други зависности во загрепската болница „Сестри на милосрдието“, Зора Зоричиќ.
Најупотребуваниот пијалак во Хрватска е пивото. Анализите покажуваат дека се зголемува производството и консумирањето на пиво во земјата, додека производството на вино стагнира, а на жестоки пијалаци се намалува.
Пред триесет години ситуацијата беше многу поинаква затоа што тогаш најзастапен во употребата беше жестокиот алкохол.
Зоричиќ изјави дека борбата со алкохолизмот е помалку решителна во споредба со онаа со наркотиците, и одлуката за ограничување на алкохолизмот е во зголемување на акцизите на алкохолот, за тој да стане многу поскап производ. Ова ќе го реши прашањето на алкохолизмот меѓу младите, ќе го намали бројот на смртните случаи по патиштата и на  болните од цироза.
-Истражувањата покажуваат дека секој петти алкохоличар во Хрватска е жена. Мажите пијат на јавни места, а жените по дома, а алкохоличари стануваат на околу 40-годишна возраст, забележа Зоричиќ.Во Хрватска има околу 200.000 алкохоличари и според истражувањата секој Хрват годишно испива по 12,8 литра чист алкохол.
-Распадот на семеј

Пронајдете не на следниве мрежи: