Фото: Ирачки тајкун гради копија на Белата куќа!

Не се наоѓа на адресата 1600 авенија „Пенсилванија“, туку станува збор за копија на Белата куќа во северен Ирак, која сеуште е при изградба.
 „Ексцентрично, навистина модерно и добро е изградена“, тврди Тони Хозеф, генерален менаџер на „Dream City“, за „ABC News“.
„Dream City“ е богата заедница во курдскиот главен град Ербил.
Хозеф не го открива името на сопственикот, освен што нагласи дека е истканат курдски бизнисмен. Еден купувач понудил 17 милиони долари за да ја купи куќата, но сегашниот сопственик категорично одбил.
„Сеуште не е целосно завршена, нема мебел и ентериерот треба да се направи до крај“, рече Хозеф.
„Dream City“ е една од најскапите заедници во Ирак, со палати кои не се разликуваат многу од оние во Беверли Хилс. Земјиштата во оваа област се со почетна цена од 250 долари по квадратен метар.
Планираните заедници како што е оваа, се појавуваат по големиот пораст на продажба на недвижности, кој започна во 2003 година. Тие се дом на богати Ирачани и Курди, кои своето богатство го направија преку нафтата и други бизниси, изјави Хозеф. „Ексцентрично, навистина модерно и добро е изградена“, тврди Тони Хозеф, генерален менаџер на „Dream City“

Пронајдете не на следниве мрежи: