ЦИА соработувала со нацисти и германски шпиони за време на Студената војна

По Втората светска војна, ЦИА и другите американски безбедносни агенции ангажирале најмалку 1.000 нацисти како шпиони и разузнавачи за време на Студената војна, покажале неодамна откриените записи и интервјуа.Доказите за поврзаноста на американската влада со нацистичките шпиони почнале да се појавуваат уште во 70-тите години. Но, илјадниците записи од подоцна обелоденетите документи, заедно со интервјуата на многубројни сегашни и поранешни владини функционери, покажуваат дека инволвирањето на нацистите во владините тајни работи било „многу подлабоко“.
Ричард Брајтмен, професор за холокаустот на Американскиот универзитет и член на владиниот тим за обелоденување на документи за воените злосторства, вели дека моралноста при регрутирањето на поранешни нацисти ретко кога била земена во предвид.
– Сето тоа произлезе од некој вид на паника, страв дека комунистите се неверојатно моќни и дека ние немавме доволно адути, објаснил тој. Американските разузнавачки служби верувале дека вредноста која ја имала употребата на поранешни нацисти против Русите го надминувала она што еден функционер го нарекол „морален пропуст“ во нивното служење на Третиот Рајх.
Нацистичките шпиони за американските агенции во 1950/60-тите извршувале разни задачи – од опасни до тривијални. Така, тие биле обучувани за можен напад врз Русија, ангажирани за проучување на поштенските марки на Советскиот Сојуз во потрага по скриени значења или инфилтрирани во областите под руска контрола, иако многумина се покажале како недораснати на задачата.
Ниту еден од шпионите, колку што е познато, денес не е жив, наведува весникот, напоменувајќи дека ЦИА не сакала да даде коментар на овие информацииДоказите за поврзаноста на американската влада со нацистичките шпиони почнале да се појавуваат уште во 70-тите години. Но, илјадниците записи од по

Пронајдете не на следниве мрежи: