САС се бореше на страната на Курдите и им помагаше да го спасат Кобане од ИСИЛ

Британските командоси завршија навистина одлична работа прецизно наведувајќи ги американските бомбардери на целите на ИСИЛ, а кога почнаа пресудните борби, тие земаа оружје во рацете и заедно со Курдите се бореле во првите борбени редови.Иако светските медиуми пред две недели имаа подготвени текстови за падот на Кобане во рацете на ИСИЛ, ситуацијата нагло се измени и џихадистите беа исфрлени од тој сириски град, кој е од големо стратешко значење.
Денеска беше решена уште една мистерија: во моментот кога Кобане навистина се наоѓаше пред пад, кон борбите се приклучија и припадниците на специјалните единици на британската армија САС, пишува британски „Телеграф“.
Сасовците имале задача да ги означат метите за воздушни напади. Тие одлично си ја завршија задачата, велат воените извори. На пример, тие успеале да ја обележат локацијата на која што се собирале џихадистите кои подоцна биле погодени со серија тешки бомби.
Потоа ги навеле авионите на конвојот во кој се наоѓале тенкови, оклопни возила и камионите со залиха на муниција.
Воените извори потврдија дека американските пилоти биле исклучително задоволни од работата на Сасовците, бидејќи тие прецизно ги посочиле метите, па дури и учинокот им бил стопроцентен. Воздушните удари беа засилени и Кобане беше спасен.
Притоа, британските командоси цело време дејствувале во тајност. ИСИЛ не ги открил ниту на првата борбена линија од фронтот. Сасовците преживувале и со она малку храна колку што можеле да понесат со себе, а и водата ја пиеле доста рационално.
Кога почнале да се водат одлучувачките борби, тие го земале оружјето во рака и се бореле рамо до рамо со Курдите.
Ситуацијата во Кобане сега е многу подобра, иако ИСИЛ и понатаму напаѓа. Сега тој град стана симбол, затоа што џихадистите не беа во состојба да го освојат, а имаат загубено над 500 борци и значајно количество на борбена опрема. Бранителите сега очекуваат распоредување на околу 200 курдски пешмерги од Ирак, кои доаѓаат со тешко наоружување.Иако светските медиуми пред две недели имаа подготвени текстови за падот на Кобане во рацете на ИСИЛ, ситуацијата нагло се измени и џихадистите беа

Пронајдете не на следниве мрежи: