ПОСЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ обезглавениот новинар: Тепањето беше награда, со оглед на маките кои ги имаше искусено

Пред да му ја отсечат главата, американскиот новинар Џејмс Фоли (40), со недели бил злоставуван. Сириските џихадисти над него испробувале лажни егзекуции, го претепувале во неколку наврати и го изгладнувале.Од суровото обезглавување Фоли на 19 август, исламистите на ист начин го убиле израелско-американскиот новинар Стивен Сотлоф и двајцата американски хуманитарци Дејвид Хејнс и Ален Хенинг. „Њујорк Тајмс“ ги реконструираше последните недели од животот на Фоли и откри какви физички и ментални тортури претрпеле тој и другите заложници на Исламската држава.
Имено, исламистите ги држеле заложниците во една текстилна фабрика во близина на Алеп, под обвинение дека се шпиони. Во лаптопот на Фоли наводно пронашле фотографии на американските војници кои тој ги фотографирал во Ирак и Авганистан, во кој виделе „слики кои ги величат американските крстоносци“.
Поради ова и другите кривични дела, исламистите почнале да ги мачат заложниците. Како продолжувало нивното дивеење, голем дел од заложниците преминале во ислам, вклучувајќи го и самиот Фоли, кој наводно го избрал името Абу Хамза. Јејун Бонтинк (19), поранешен заложник од Белгија на кој му беше наметнато да стане џихадист, поминал извесно време заедно со Фоли и подоцна бил ослободен.
– Голем дел од луѓето би рекле „Ајде да ја смениме верата за да се однесуваат подобро кон нас“. Но, во неговиот случај тоа беше искрено – тврди Бонтинк.
Фоли најмногу го чувале тројца исламисти по потекло од Велика Британија, кои поради тоа ги викале „Битлси“ и кои уживале во мачењето луѓе, велејќи им на заложниците дека биле „непослушни“.
Во почетокот на оваа година, џихадистите држеле 23 заложници од 12 држави, од кои 19 биле мажи сместени во ќелија од 20 квадрати, а четири жени во друга ќелија.
Есктремистите сакале од нив да извлечат пари за откуп и ги натерале да им ги дадат мејловите од нивните роднини.

Семејството на Фоли подоцна соопшти дека Исламската држава барала 100 милиони долари за неговото пуштање на слобода, но дека владите на САД и Велика Британија ги одбиле разговорите за било каков откуп.
Според тврдењата на „Њујорк Тајмс“, исламистите ги облекувале заложниците во портокалова облека и врз нив вршеле вид мачење, познато како „вотербординг“ – за да наликува на методите кои испитувачите на ЦИА ги користеле во почетните години во т.н. војна против тероризмот.
Заложниците понекогаш би добиле само една чинија храна. И додека останатите се карале меѓу себе, Фоли наводно ги делел храната и ќебето со другите, обидувајќи се да го сочува моралот на заложниците. Ги терал да глумат, па импровизирал и прослава на Божиќ 2013. кога секој од заробениците морал да направи подарок од она што му било достапно.
Вкупно 15 од 23 заложници биле разменети за пари, а просечната цена за откуп била два милиони евра. Останале само Американците и Британците. Во текот на летовите, Специјалните сили на САД покренаа тајна копнена операција за нивно ослободување, но нападот над рафинаеријата на северот на Сирија се покажа како залуден.
Џихадистите ги преместија заложниците на друга локација.Од суровото обезглавување Фоли на 19 август, исламистите на ист начин го убиле израелско-американскиот новинар Стивен Сотл

Пронајдете не на следниве мрежи: