Паника во Италија, досега починаа 5 луѓе од Корона вирусот

Бројката починати од коронавирусот во Италија порасна на пет, додека 219 луѓе се заразени.

Премиерот на Италија, Џузепе Конте изјави дека 50.000 жители на северна Италија би можеле да бидат целосно отцепени неколку недели.

„Никој не очекуваше дека ширењето ќе биде така агресивно. Нема потреба да се прават залихи од храна, намирници има доволно. Мора да го одржиме нормалниот живот“, изјави претседателот на Ломбардија Атилио Фонтана.

Европската комисија објави дека ќе издвои 230 милиони евра за мерките против ширењето на коронавирусот, но додаде дека засега не се размислува за суспензија на Шенгенскиот договор.

За време на викендот Италија воведе карантин во 11 градови во северниот дел на земјата поради коронавирусот.
Затворен е Венецискиот карневал, во Милано оперската куќа ,,Скала” и катедралата, а голем број на спортски настани се откажани.

Во Хрватска 42 средношколци и четири професори кои вчера се вратија од екскурзија во Венеција, се ставени во домашен карантин, кој ќе трае две недели.

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.