НА ОВИЕ РАБОТИ ЗАБОРАВЕТЕ ВО МАРКЕТИТЕ: Граѓаните ги испразнија рафтовите, овие намирници се купуваат на големо

И утрово скопјани со повеќе торби полни со намирници за јадење излегуваа од маркетите. Стравот од коронавирусот го компензираа со купување залихи храна што започна уште вчера. Дел од рафтовите се испразниа по што трговците задоволно тријат раце. Навистина добра можност да се потрошат залихите кои стојат во магацините, објавува Скопјеинфо,
Најчесто купувани производи се брашно, конзервирана храна, како и антибактериски марамици и сапуни.


Во меѓувреме, министерот за здравство, Венко Филипче, излезе со прес конференција на која појасни дека 50-годишната пациентка е во стабилна состојба и дека има лесен вид на вирусот, односно зафатено и е само едно белодробно крило.
„Идентификувани се сите патници од комбето. Биле 9 луѓе 8 патници и возачот. Идентификувани се на едно место во Скопје и 3 места во Струмица. Во овој момент веќе се упатени екипи на епидемиолози да се направи прегледот и анкетата за дознавање податоци со кој се лица денеска овие патници комуницирале. Најпрво вечерва сите ќе останат во домашна изолација со полициски надзор. Во однос на податоците со колку луѓе контактирале, ќе се одреди дали ќе продолжи изолацијата или ќе бидат префрлени во инфективните одделенија за надзор“, рече Филипче.


Во меѓувреме, објавени се и броевите на кои граѓаните со симптоми можат да се јават, а со цел да бидат проверени дали се заразени од вирусот.
Техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот Филипче и докторот Жарко Караџовски пак, нагласија дека граѓаните треба да си продолжат со нормален тек на животот.

ПОВЕЌЕ ЗА ВИРУСИТЕ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА!!!

Се за КОРОНА ВИРУСОТ на пулс24 ПРОЧИТАЈТЕ ТУКА

За ВАКЦИНИТЕ на пулс24 ПОВЕЌЕ ТЕКСТОВИ ТУКА!!!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.