Турската Влада ќе бара дозвола за интервенција во Ирак и Сирија

Турската Влада се очекува најдоцна утре во Парламентот да поднесе предлог резолуција, што ќе ја одобри употребата на сила во Сирија, а што на Анкара ќе и овозможи да се приклучи кон коалицијата против џихадистите од групата „Исламска држава“, пренесоа француските медиуми.Владата, истовремено, треба да поднесе уште една предлог резолуција за обновување на едногодишниот рок на одобрението дадено од Парламентот на турските вооружени сили за интервенција во Ирак.Овој текст досега на Турција и овозможуваше изведување воздушни напади врз бази на бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) во планинита Кандил во северен Ирак.Двете предлог резолуции утре треба да бидат испратени во Парламентот, изјави неговиот претседател Џемил Чичек за турскиот телевизиски канал НТВ.Турција, која првично одбиваше да учествува во антиџихадистичката коалиција, сега се чини е подготвена да се вклучи во воената интервенција на коалицијата на чело со САД против борците од „Исламска држава“.-Турција треба да учествува во борбата против групата „Исламска држава“ – изјави вчера турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на отворањето на Светскиот економски форум во Истанбул. -Турција не може а да не се вклучи во меѓународната коалиција против ИД- подвлече тој.Турските тенкови денеска зазеле позиции на ридот над сирискиот пограничен град Кобане, што е подложен на гранатирање од борците на групата „Исламска држава“ и неколку гранати веќе паднаа на турска територија, соопштија британските медиуми.Најмалку 30 тенка и блиндирани возила биле разместени во близина на турската воена база, северозападно од Кобане, а цевките на орудијата на некои од нив се свртени кон сириска територија.Во регионот на Кобане продолжуваат борбите меѓу борците на „Исламска држава“ и курдските сили, кои го бранат градот. Најмалку две гранати денеска паднале на турска територија.-Ние границата ја ставивме под целосна контрола. Ги зголемивме нашите мерки за безбедност во регионот на Суруч – изјави турскиот министер за внатрешни работи ЕфканВладата, истовремено, треба да поднесе уште една предлог резолуција за обновување на едногодишниот рок на одобрението дадено од Парламентот на турс

Пронајдете не на следниве мрежи: