Грција: На 48 часа затворени училишта, театри, кина, музеи во три региони

Со сериозна пневмонија, но во стабилна состојба се лекува во грчкиот град Патра, лицето заразено со новиот коронавирус, последниот потврден случај во Грција, а паралелно Министерството за здравство донесе вонредни превентивни мерки во три региони, за да се избегне локално пренесување на коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.
Професорот Сотирис Циодрас кој е претставник за Ковид-19 во Министерството за здравство на Грција, синоќа соопшти дека владата, по препорака на Комисијата на експерти за заразни болести одлучи, на 48 часа се затвораат сите државни и приватни образовни институции и да се откажат секаков вид масовни собири, како театри, кина, спортски и културни настани, посети на археолошки локалитети и музеи во три грчки региони (Ахаиа, Закинтос и Илиас).

Одлуката е за денеска и утре, а доаѓа по последниот, деветти, потврден случај на коронавирусот во Грција, кај лице жител на еден од конкретните региони.
Министерството за здравство на Грција соопшти дека мажот, кој патувал во Израел и Египет е во стабилна состојба, но со сериозна пневмонија и внимателно го следи медицински тим од болницата во градот Патра.
Паралелно, се врши проверка на лицата со кои бил во контакт, како во Патра, така и во Амалиада, односно неговиот роден град.
Според грчките медиуми, станува збор за 66-годишен пензионер кој неодамна се вратил од патување во Израел и Египет каде што бил дел од групна тура со уште 52 други патници, кои се од различни градови, но од регионите за кои се донесени превентивните мерки.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.