Меколи Калкин, најпознат по улогата на Кевин од популарниот филм „Сам дома“, ќе добие прва посериозна улога после долго времеуло.
Во 10-та сезона на „Американска хорор приказна“, Калкин ќе ѝ се придружи на досегашната актерска екипа, открил продуцентот Рајан Марфи.
Освен главните улоги во филмовите „Сам Дома“ 1 и 2, Калкин досега немаше некоја посериозна улога позади себе.
Раната актерска кариера на овој актер не му донесе голема слава и пари, а поради тоа тој имаше сериозни проблеми со наркотици.
Тoј стана долгогодишен зависник од хероин на кој трошеше илјадници долари. Очигледно дека Калкин во последните неколку години одлучил да се врати на вистинскиот пат и да го остави црното минато позади себе.
Тој моментално е во врска со актерката Брена Сонг која ни е позната од сетот на снимањето на филмот „Предизвикан“.
Во „Американска хорор приказна“ епизодна улога како гости имаат и Лејди Гага, Адам Левин и Наоми Кемпбел.
Десеттата сезона од популарната серија се очекува да започне со прикажување оваа есен.