Дваесет и седумгодишна жена која е позитивна на коронавирусот вчера се породила на (ГАК) во Скопје
(ГАК) – Гинеколошко-акушерската клиника

Бебето е задржано на клиниката бидејќи е предвреме родено, а мајката е префрлена на Инфективната клиника. И мајката и бебето засега се во стабилна состојба.
Кумановчанката, била донесена вчера со претходна најава од кумановската болница, по сите протоколи, внесена низ посебен влез и породена во изолирана сала, потврди директорката Викторија Јовановска.
Јовановска изјави дека ГАК е подготвена да прима родилки со КОРОНАВИРУСОТ, имаат изолирана родилна сала, посебен влез и изолиран дел за нив за да се заштитат сите останати пациентки.
ДЕНЕШЕН ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ТЕКСТОВИ:
Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата 
СЛУШАЈТЕ СИ МУЗИКА ДОДЕКА ЧИТАТЕ ВЕСТИ: ![]()
Пронајдете не на следниве мрежи:



