МОБ ќе ни прикажува балетски претстави и опери онлајн – прва на онлајн репертоарот е „Лебедово езеро“
ОПЕРА И БАЛЕТ ВО ВАШИТЕ ДОМОВИ!
Почитувани пријатели и соработници, љубители на оперската и балетска уметност, почнувајќи од вторник, 7 април со почеток во 20.00 часот, на официјалниот YouTube канал на Националната опера и балет ќе имате можност да ги погледнете вашите омилени оперски и балетски претстави. Секој вторник ќе биде резервиран за балетската уметност додека секој петок ќе биде термин за љубителите на оперската уметност. За оваа цел ќе ја користиме алатката на јутјуб премиера која ќе и овозможи на нашата публика од целиот свет да се вклучи во магијата на оперската и балетската музичка уметност. За оние кои што не се во можност да ја гледаат дигиталната премиера на нашите претстави во реално време, секоја емитувана претстава ќе биде достапна 24 часа по првичното емитување.
Нашата земја, како и остатокот од светот, доживува многу тешко време, и иако не можеме да настапиме пред публика во живо, ние сме возбудени да ги споделиме нашите претстави дигитално и културно да ја поддржиме нашата публика за време на оваа криза.
Во месец април започнуваме со балетската претстава „Лебедово езеро” од П. И. Чајковски, потоа операта „Боеми“ од Џакомо Пучини на 10 април, светската дигитална премиера на балетската претстава „Клеопатра“ е закажана за 14 април, додека операта „Евгениј Онегин“ од П. И. Чајковски е на 17 април. Балетот „Дон Кихот“ е на 20 април, а на 24 април нашата публика ќе има можност да го гледа традиционалниот концерт по повод празникот Василица насловен „Disco fever”.
За распоредот на закажаните дигитални премиери следете ја нашата веб страна www.operabalet.mk, и претплатете се на нашиот официјален јутјуб канал www.youtube.com/user/makoib.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.