Заев и Мицковски одат во изолација, позитивен е новинар на Канал5 кој беше во контакт и со двајцата

Заев и Мицковски одат во изолација, позитивен е новинар на Канал5 кој беше во контакт и со двајцата

Лидерите на двете најголеми партии, Зоран Заев и Христијан Мицкоски од денеска се во задолжителна домашна изолација. Минатата недела имаа интервјуа кај главниот уредник на канал 5 телевизија, за кој денеска се покажа дека е позитивен на корона вирусот.

Мицкоски е негативен на коронавирусот, но ќе биде во самоизолација во следните 14 дена.

Резултатите од тестот за коронавирусот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се очекуваат околу 16 часот, соопштија од Министерството за здравство.

Во однос на редовната дневна статистика, потврдени 48 нови случаи на Ковид 19 во изминатото деноноќие. Со ова вкупно во земјата се 711 дијагностицирани пациенти.

Новодијагностицираните се по градови: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.

ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:

Стартува викенд забраната: Полициски час од денеска во 16 часот до понеделник

Фокус: Притворениците во затворот “Шутка” се во паника

Мапа на ширењето на КОРОНА ВИРУСОТ, сите три досега лоцирани мутации

„Мораме да почекаме да умре пациентот за да можат другите да го користат неговиот кревет и вентилатор“ – доктор во градот со најтешко погодени во Еквадор за РТ

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.